(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

пред 8 часа

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.

Младиот Италијанец славеше на својот домашен терен во Монца, каде што ја забележа својата седма победа во сезоната, а воедно и во кариерата, откако стартуваше од 19-та позиција поради промена на погонската единица.

Антонели до победата дојде со победа во директен дуел со својот тимски колега, Џорџ Расел, откако во еден момент заврши на чакалот.

На овој начин, Кими ја забележа првата победа за Италија по 60 години, откако претходната ја забележа Лудовико Скарфиоти во 1966 година.

Антонели и Расел беа одвоени за нешто помалку од четири секунди на целта, додека Макс Ферстапен од Ред Бул беше на третото скалило на подиумот. Четирикратниот светски шампион беше речиси 15 секунди зад победникот.

Трката во Монца дефинитвно е најдобра во досегашниот тек од сезоната. Со многу претекнувања, особено се издвојува борбата меѓу Расел и Антонели, во првата половина од трката, односно меѓу Норис и Пјастри во последните кругови.

На крајот возачите на Мекларен завршија на четвртото и петтото место, зад нив беше Луис Хамилтон, во уште една трка, во која Ферари тактички потфрли.

Трката ја обележа и излетувањето на Шарл Леклер, на почетокот на четвртиот круг, поради што беше истакнато црвено знаме, а тркањето продолжи по нешто повеќе од 15 минути.

Антонели ја зголеми предноста во генералниот пласман, во однос на Расел на 66 поени.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top