(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

пред 1 час

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им помогна на играчите на Партизан, го положија оружјето и ги оставија бодовите на стадионот „Рајко Митиќ“. Одличен натпревар за Црвена звезда одигра новиот македонски репрезентативец, Матеј Гаштаров.

Партизан поведе рано, најрано во историјата на дерби натпреварите, но веднаш запре. Се играше 50-та секунда. Голот на Же, по продорот на Сек и одбиената топка на Матеус, сепак, ги заспа црно-белите и ја најави општата офанзива на Црвена Звезда.

Во центарот на вниманието беше Мирко Иваниќ, асистентот на првата и протагонистот на втората најдобра шанса. Капитенот на Црвена звезда и Василије Костов промашија чисти шанси во 10-та и 12-та минута.

Она што не го реализираа ови двајца му успае на Бамба Дијенг. Сенегалецот во 18-та минута ја искористи асистенцијата на Иваниќ и го изедначи реузлтатот.

Десет минути подцна Црвена Звезда брзо го комплетираше пресвртот. Гаштаров беше фаулиран во шеснаесетникот на Партизан, судијата Минаковиќ доби сигнал од ВАР собата и веднаш покажа на белата точка. Иваниќ погоди за 2:1.

Второто полувреме беше многу поскромно: само неколку шанси на двете страни. Партизан беше поопасен, Вукотиќ ја погоди пречката, Самсон ја испрати топката во рацете на сигурниот Матеус, во последните секунди Же не реагираше добро на асистенцијата на Алексиќ…

Црвена звезда се фокусираше на чување на предноста. Со влегувањето на Букари, таа имаше можност да ги реши дилемите околу победникот многу порано. Црвено-белата резерва прво ја испрати топката покрај стативата, а потоа му остави простор на Балов подобро да реагира, но Бугаринот не успеа да погоди.

„Нема ништо подобро од победа во вечното дерби. Игравме храбро, мотивирано… Што да кажам, навистина сум среќен за моето прво дерби. Им благодарам многу на сите, на навивачите, што дојдоа во голем број. Го добивме натпреварот, тоа е важно“, рече по мечот Матеј Гаштаров.

Foto/ Starsport
Video/ Arena sport

Share
Scroll to Top