Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

пред 12 часа

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула.

Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал Италија со 3-2, по пресврт, во сетови 16:25, 25:22, 12:25, 25:21, 15:10).

Италијанките убедливо ги добија првиот и третиот сет и се чинеше дека се психолошки многу подобро подготвени од домашната екипа, но со помош на публиката, Турчинките го одиграа петтиот сет брилијантно и практично кога поведоа со 8:4 беше јасно дека гостинките нема да можат да стигнат до четвртата европска круна.

Мелиса Ваграс го предводеше својот тим до титулата со 28 поени, Зехра Ѓунеш имаше 12, а Ханде Баладин и Дерја Чебеџиоглу имаа по осум.

Кај Италијанките, кои не успеаја да стигнат до тројната круна по златото на Олимписките игри и Светското првенство, Паола Егона доминираше со 28 поени, Миријам Сила постигна 12, а Ана Данеси и Сара Фар постигнаа по 10.

Претходно, бронзениот медал го освои Србија. Србинките во „малото финале“ ја победија Полска со 3-1 (25:21, 25:19, 15:25, 25:18).

Русија е најуспешната земја со 19 титули, Србија и Италија имаат по три, Полска, Источна Германија и Турција по две, додека најдобри во Европа по еднаш биле Чехинките и Холанѓанките.

Share
Scroll to Top