Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете, повика СДСМ

Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете, повика СДСМ

пред 2 часа

Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А владата на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста, реагираат од СДСМ.

„Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат.

Тоа е за секоја осуда.

Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него“.

Ако на тоа, како што велат, се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата, оценуваат од СДСМ, значително се зголемува.

Според опозициската партија, со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра.

Прашањето, како што велат, е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра.

„Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП.

Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер?

Јавноста и граѓаните очекуваат одговори.

За жал сето ова, дрскоста, навредите кон граѓаните и кон новинарите се одлика на оваа влада и нивниот однос кон народот.

Влада која својот народ го нарекува „талог“ вака се однесува“.

Текстот Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете, повика СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top