Бен Шелтон го победи Карлос Алкараз со 3-2 во сетови по четири и пол часа игра во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД.
Првиот носител на Ју-ес Опен доживеа елиминација во три часот наутро, што никогаш не се случило во Њујорк. Бен Шелтон го победи Карлос Алкараз со 6:7, 6:1, 6:3, 1:6, 3:6, 7:6 и закажа дуел со сонардоникот Франсис Тиафо. Елиминацијата на Алкараз значи дека Ју-ес Опен ќе добие нов шампион.
Уште од првиот сет, Американецот му покажа на фаворизираниот Шпанец дека нема намера без борба да се предаде. Сетот траеше повеќе од еден час.
Алкараз направи брејк и да поведе со 6:5, но брилијантниот Шелтон веднаш го врати брејкот и израмни, но потоа Алкараз во тајбрејкот со 7:5 го освои првиот сет.
Каков шок следеше во вториот сет… Започна мирно, со сигурни сервиси, а потоа Шелтон направи брејк, и тоа не му беше доволно, направи уште еден.
Алкараз беше немоќен… Шелтон вториот сет го доби со 6:1.
Во еден момент, Алкараз поврати во пешкирот, што е доволен показател за тоа колку беше напнато.
Carlos Alcaraz throwing up in his towel during his match against Ben Shelton at the U.S. Open.
It’s past 2 in the morning.
He's giving it his all. pic.twitter.com/hz6908jJPQ
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 9, 2026
Бен играше неверојатно добро, самодовербата му порасна откако изедначи на 1:1 и третиот сет го започна со брејк и предност од 2:0.
Алкараз не дозволи целосно да потоне, полека се враќаше во мечот, но не успеа да го добие третиот сет.
Карлос, соочен со елиминација, притисна во четвртиот сет, доминираше и со 6:1 успеа да изедначи на 2:2 во сетови.
Nearly 3am in NYC and still hitting forehand like THIS
@usopen #USOpen pic.twitter.com/D5emQ6BASu
— Tennis TV (@TennisTV) September 9, 2026
Во петтиот сет, двајцата играа со помалку ризик, па победникот го реши супер тај-брејкот.
Бен Шелтон на стартот направи мини-брејк и поведе со 3:1, но Алкараз успеа да се врати и да го израмни на 3:3, што донесе повеќе драма во овој спектакуларен четвртфинален натпревар.
Мини серија, три израмнети поени му носат на Алкараз 5:3, а Шелтон успеа да го анулира тоа со нов мини-брејк, а потоа поведе, по што следеше уште една грешка на Алкараз и Шелтон имаше 8:6.
Алкараз потоа згреши, испрати бекхенд во аут, што му донесе на Шелтотн меч топка која веднаш ја искористи.
Foto/ EPA







