Сопственикот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески упати јавно извинување за претходниот прес до новинарката Мирослава Симоновска.
„Прво неџентлеменски искажаната прва реченица без персирање, второ афектно искажаната прва реченица исто така без многу памет. Не знам на колку од вас ви се случило да изговорат нешто во афект од умор и од стрес.
Тоа е едноставно кога јазикот ти е побрз од мозокот. Мене конкретно тоа ми се случи на таа прес-конференција. Контекстот на пресот беше сосема друг, не го очекував тоа прашање, без размислување одговорив во афект од умор и од стрес“, кажа Милошески и додаде дека најискрено се извинува.
Текстот (Видео) Бобан од Авалон се извини: Одговорив во афект од умор и од стрес е превземен од МАКФАКС.





