Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно одлучување

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно одлучување

пред 40 минути

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и на Апелациониот суд Скопје за Стевчо Јакимовски и го врати предметот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Како што соопшти судот, Советот за казниви дела на седницата одржана на 9 септември 2026 година го уважил барањето на осудениот Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител Виктор Цветковски, адвокат од Куманово.

Со пресудата КВП КОК2-18/26, Врховниот суд ја укинал пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15 мај 2026 година.

Предметот е вратен на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Текстот Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно одлучување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top