Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска, а локално врнежите ќе бидат проследени со невреме, пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
На места се очекува пороен дожд со количина над 15 литри на метар квадратен, како и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР најавуваат дека дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност, а во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.
Текстот Денеска заладување и дожд, потоа повторно сонце е превземен од МАКФАКС.






