Дембеле му одговори на Мбапе: Напорно работев за да ја добијам Златната топка

Дембеле му одговори на Мбапе: Напорно работев за да ја добијам Златната топка

пред 3 часа

Темата за Златната топка за 2026 година е поактуелна од кога било. Во последните денови, многу играчи го искажаа своето мислење, а Килијан Мбапе беше еден од нив. Во интервју за „Лeкип“, напаѓачот на Реал Мадрид призна дека „никој не бил подобар од него минатата сезона“.

„Секогаш сум бил човек што треба да се следи. Усман Дембеле? Тој секогаш бил гледан како талентиран играч. Од друга страна, јас секогаш сум бил избраниот“, рече асот на Реал за минатогодишниот победник.

Очигледно овој коментар не му „легна“ на Дембеле, кој инаку никогаш не криел дека е добар пријател со Мбапе. Актуелниот освојувач на Златната топка се огласи по победата на ПСЖ во Брест.

„Како што реков, никогаш не бев „избраниот“, но работев исклучително напорно. А минатата година бев награден…“, рече Дембеле и нагласи.

„Ќе видиме како ќе биде оваа година, смирен сум. Секогаш сум бил еден од оние што се повлекуваат и работат напорно. Така е во текот на целата моја кариера, не сум проговорил ни збор. Единственото нешто што го правам е што напорно тренирам“.

Покрај Мбапе, самопромоција прави и Ламин Јамал. Младиот ас на Барселона, исто така смета дека тој ја заслужува Златната топка, потенцирајќи го триумфот со Шпанија на Светското првенство.

„Постојат историски играчи како Меси, Кристијано и Марадона, но не мислам дека некогаш се случило некој да освои толку многу на толку рана возраст“, ​​рече тој.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top