Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз на Европското првенство. Во рамките на четвртото коло, Португалија ја победи Македонија со 3:0 (25:13, 25:20, 25:20). Македонија се уште не освоила сет, а со овој пораз остана без шанси да се пласира во нокаут фазата на континенталното првенство.
Катастрофалната игра на македонските одбојкари во првиот сет, го одреди текот на мечот кој Македонија мораше да го добие. Само 13 освоени поени доволно зборуваат за лошата игра.
Во вториот сет, се играше рамноправно до 16:16, но до крајот на сетот нашите одбојкари освоија само четири поени. Слично сценарио се слуќи и во третиот сет, разликата е таа што нерешено беше до 10:10.
Утре Македонија од 15 часот, против Израел ќе го одигра последниот натппревар на Европското првенство.
Foto/ facebook.com/volleyballmkd






