„Мицкоски ќе ја ‘држи’ цената на струјата со заем – сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ

„Мицкоски ќе ја ‘држи’ цената на струјата со заем – сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ

пред 2 часа

„Уште едно задолжување. Ново. Арамијата Мицкоски пак излегува со истата трик-приказна. Сега преку ЕСМ сака заем од околу 33 милиони евра за батерии во Битола. Ќе ви каже: ова е за да не скокне струјата. Не е. Батериите не прават евтина струја. Ја ставаат струјата во склад и ја пуштаат подоцна“, велат од СДСМ.

„Како фрижидер за киловати. Тоа може да помогне на мрежата. Ама не ја плаќа вашата сметка. Заемот е долг. Долгот се враќа. ЕСМ веќе тоне – има загуба над 100 милиони евра, помалку домашна струја, поскап увоз.

Кога државната фирма нема пари да го врати кредитот, го враќа државата. Државата ги зема парите од граѓаните: од данок, од сметка, од тоа што нема за плати и пензии.

Денес велат – нема поскапување. Утре стигнува каматата. Цената не ја држат. Ја кријат во заем. ВМРО-ОКГ така работи со сè. Концерт – “нула денари“ за диџејот, па Лотарија плати 5,5 милиони евра.

Сега струјата „ја држиме“, а граѓаните ќе ја враќаат – со 33 милиони плус камата. Ако сакаше евтина струја, ќе произведуваше дома. Ќе ја среди ЕСМ. Нема. Се задолжува.

Нема бесплатни батерии.Има кредит. Има камата. Има банда што слави заем како грижа. Граѓанинот плаќа два пати – еднаш на бројило, втор пат кога се враќа заемот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „Мицкоски ќе ја ‘држи’ цената на струјата со заем – сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top