Луис Хамилтон ги негираше тврдењата на италијанските медиуми дека побарал од Ферари да замени одредени членови на тимот. Седумкратниот светски шампион се огласи на Инстаграм, по написите дека врши притисок врз шефот на тимот, Фред Васер, да спроведе оперативни промени по двата разочарувачки викенди.
По трките во Монца и Мадрид, Хамилтон падна на 101 поен зад лидерот Кими Антонели, а во последните недели незадоволството од резултатите на Ферари расте. Затоа Британецот одлучи јавно да реагира.
„Видов некои објавени стории и сакам да ја разјаснам ситуацијата овде. Никогаш не сум побарал некој во мојот тим да биде заменет. Сите луѓе со кои работам работат напорно секој ден и нивната посветеност е она што нè турка напред.
Секогаш се обидувам да ги поддржам луѓето и да им помогнам да бидат најдобрата верзија од себе или барем да го видат најдоброто во себе. Можеби не секогаш успевам во тоа, но тоа е мојата намера и затоа сум тука. Сите работиме заедно и ќе продолжиме да го правиме тоа во иднина“, рече Хамилтон.
Тензиите се зголемија по трката во Монца, каде што Хамилтон заврши широко на чакалот во првиот круг по дуелот со тимскиот колега Шарл Леклер. По трката, Хамилтон побара јасни „правила на однесување“ меѓу возачите на Ферари и го впери прстот во шефот на тимот, Васер велејќи: „Одговорноста започнува со Фред Васер“.
Потоа Ферари одржа дискусија со своите возачи, а Леклер призна дека тој е виновен за инцидентот.
Хамилтон моментално е во лоша серија. Тој не заврши на подиумот во последните пет трки. Траката во Мадрид, Британецот, поради проблеми со сопирачките, ја заврѓши во седмиот круг.
Foto/ Depositphotos






