Коњановски предложи, Советот усвои: Се ограничува употребата на мобилни телефони во битолските училишта

Коњановски предложи, Советот усвои: Се ограничува употребата на мобилни телефони во битолските училишта

пред 8 часа

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола.

Коњановски посочува дека иако мобилните телефони се составен дел од современото секојдневие, нивното неконтролирано користење во училиштата може да влијае врз вниманието, концентрацијата и успехот на учениците.

Според иницијативата, за време на наставниот процес мобилните телефони треба да бидат исклучени или ставени на тивок режим и да се оставаат на однапред определено место, согласно правилата и кодексот на самото училиште.

Исклучоци би имало за ученици на кои телефонот им е неопходен поради здравствени или други оправдани причини, како и во итни и неодложни ситуации. Користењето на мобилен телефон би било дозволено и со одобрение од наставникот, кога тој се користи за образовни цели.

„Доколку се ограничи употребата на телефоните во текот на наставата, учениците би покажале далеку подобри резултати“, наведува Коњановски.

Иницијативата беше усвоена од Советот на Општина Битола.

Share
Scroll to Top