Американ колеџ ја пречека 21. генерација студенти и ја почна академската година како целосно дигитализиран универзитет

Американ колеџ ја пречека 21. генерација студенти и ја почна академската година како целосно дигитализиран универзитет

пред 2 часа

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) ја пречека 21. генерација новозапишани студенти, со што официјално започна новата академска 2026/2027 година.

Со настанот „Start Smart @UACS“ организран по повод започнувањето на академската година, УАКС одбележува 21 година работа.

На студентите им се обрати ректорката на УАКС, проф. д-р Венера Крлиу. Им посака добредојде и успешен почеток на нивното академско патување. Ректорката Крлиу истакна дека УАКС е приказна која се гради повеќе од две децении, создадена од генерации студенти, професори, алумни, партнери и семејства кои верувале во идејата за квалитетно образование – образование кое и во услови на брзи технолошки и општествени промени е применливо во реалниот сектор и кое ги учи студентите како да учат, критички да размислуваат, да се приспособуваат, да се кративни и да создаваат, како за себе, така и за општеството во

кое живеат.

Во обраќањето ректорката Крлиу се осврна и на процесот на дигитализација на универзитетот: „Американското полнолетство од 21 година го започнуваме со нова целосно дигитализирана платформа и горди сме што со MyUACS сме првиот целосно дигитализиран универзитет во земјата. Но сепак, технологијата сама по себе не е иднината. ВИЕ сте иднината. Нашата задача е да ви дадеме знаење, можности, поддршка, но никој не може да го помине овој пат наместо вас. Вашето образование е ваша одговорност. И очекувам сериозно да го сфатите тоа“, рече ректорката Крлиу.

Студентите добиваат централизирана платформа преку која можат да ги следат распоредите, присуството, оценките и транскриптите, да комуницираат со професорите и универзитетската администрација

Новата дигитална платформа претставува значаен чекор во дигиталната трансформација на УАКС. Со MyUACS, студентите добиваат централизирана платформа преку која можат да ги следат распоредите, присуството, оценките и транскриптите, да комуницираат со професорите и универзитетската администрација, како и да регистрираат предмети и испити. На овој начин, сите клучни услуги и информации кои им се потребни на студентите во текот на студирањето се дигитално достапни на едно место.

И во новата академска 2026/2027 година, УАКС продолжува да ја гради академската приказна со фокус на квалитетното образование, меѓународната поврзаност, иновациите и развојот на младите.

Текстот Американ колеџ ја пречека 21. генерација студенти и ја почна академската година како целосно дигитализиран универзитет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top