Се прават поседни подготовки за обнова на улицата Цветан Димов во Чаир

Се прават поседни подготовки за обнова на улицата Цветан Димов во Чаир

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, се пофали дека општината е претворена во големо градилиште оти во тек се неколку инфраструктурни проекти. Покрај улицата Ферид Мурад, поранешна Лазар Трпевски, која минува порај топланата во Скопје Север, која е во завршна фаза, веќе е почната и реализацијата на проектот за Македонско-косовска ударна бругада, односно Мит’хат Фрашери, а во тек се и последните подготовки за улицата Цветан Димов.

Покрај улицата ‘Ферид Мурад’, која е во завршна фаза, проект вреден околу еден милион евра, со кој ќе се обезбедат велосипедски патеки, нови паркинг-места и подобар сообраќај за граѓаните, веќе започна и проектот за улицата ‘Мит’хат Фрашери’. Станува збор за важна сообраќајна артерија која го поврзува Чаир со Бутел, Шуто Оризари и Центар. Улицата ќе биде проширена со две нови сообраќајни ленти, додека за улицата ‘Цветан Димов’ се вршат последните подготовки“, изјави Меџити.

Според него, реализацијата на овие инфраструктурни проекти му дава нова димензија на развојот на Чаир и ги подобрува условите за сообраќај и секојдневен живот на граѓаните.

Текстот Се прават поседни подготовки за обнова на улицата Цветан Димов во Чаир е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top