Советот за женско претприемништво на Општина Битола денеска беше домаќин на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, придружувана од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменик градоначалничката Марина Крстиќ и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.
Целта на настанот, како што истакнаа на средбата е создавање заедница во која жените ќе се охрабруваат меѓусебно, ќе ги препознаваат можностите на новото време и ќе ја развиваат сопствената сила преку знаење, личен развој, соработка и меѓусебна поддршка.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера во објектот „NOYA“. Посетителите имаа можност да ја проследат и изложбата на внимателно избрани жени кои преку својот труд, креативност и посветеност создаваат вредности во нашата заедница. Малиот саем не беше само претставување на нивната работа, туку сведоштво дека зад секое дело стои истрајност, знаење и храброст. На настанот се испрати порака дека вреди да се учи, да се расте, да се остане достоинствен и дека вистинското лидерство започнува со грижа за човекот.
Текстот Сиљановска-Давкова на средба со жени претприемачи во Битола е превземен од МАКФАКС.





