ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти и инвестиции на терен

ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти и инвестиции на терен

пред 2 часа

Во повеќе делови од Општина Арачиново се реализираат инфраструктурни проекти што треба директно да ги подобрат условите за живот на граѓаните, соопштија од коалицијата ВЛЕН.

Според партијата, под раководство на градоначалникот Даут Беќири интензивно се работи на патната инфраструктура, канализациската мрежа, јавните површини и на зголемување на безбедноста на жителите.

Во моментов се реконструираат улици и тротоари и се проширува канализациската мрежа. Активности се спроведуваат и за уредување на речното корито во Грушино, додека паралелно се работи и на изградбата на Паркот во Арачиново.

Започна изградбата на спортскиот центар

Од ВЛЕН како еден од најзначајните проекти го издвојуваат Спортскиот центар во Арачиново. Реализацијата започнала со изградба на стадион за тренинг, што претставува прва фаза од проектот.

Во следната фаза е предвидена изградба и на главен стадион на кој ќе можат да се одигруваат натпревари. Од коалицијата оценуваат дека станува збор за долгоочекувана инвестиција за спортистите, младите и за сите жители на општината.

„Ова се работи што се гледаат на терен и носат директни промени за жителите. Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува. Работа и само работа“, порачаа од ВЛЕН.

Од коалицијата нагласуваат дека преку своето учество во Владата настојуваат инвестициите и институционалната поддршка непосредно да се почувствуваат во општините и кај граѓаните.

Share
Scroll to Top