(Видео) Новиот гол на Меси од слободен удар

(Видео) Новиот гол на Меси од слободен удар

пред 3 часа

Дуелот во Мајами помеѓу Интер и Сан Диего заврши без победник – 2:2. Натпреварот го одбележа Лионел Меси.

Брилијантниот Аргентинец никогаш не престанува да го воодушевува фудбалскиот свет. Дали урува рекорди или се искачува на самиот врв на вечните листи во различни категории.

Сега тој стигна до второто место на вечната листа по број на голови од слободни удари. Во ремито на Интер против Сан Диего, тој го постигна 75-от гол од слободни удари во својата кариера и со тоа скокна на второто место на вечната листа пред Бразилецот Жаир Роса Пинто. Само Бразилецот Марселињо Кариока, кој постигна 78 гола од слободни удари во кариерата е пред Аргентинецот.

Со гол во 23-та минута, Меси го анулира водството на гостите по голот на Драјер во 12-та минута. Во 75-та минута, Луис Суарез донесе пресврт и Интер поведе. Но, Драјер се погрижи повторно да нема победници во Мајами со гол во 82-та минута.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top