Абас до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте

Абас до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте

пред 2 часа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги исполни ветувањата дадени на арапските земји за спречување на раселувањето на Палестинците и анексијата на палестинска територија.

Абас се обрати со однапред снимен говор на 81. заседание на Генералното собрание на ОН, откако втора година по ред не можеше лично да присуствува.

Тој ги повика САД да соработуваат со палестинското раководство и меѓународната заедница за спроведување на решението со две држави, засновано на меѓународното право. Рече дека Палестинците го поздравиле мировниот план на Трамп, но дека досега не виделе напредок на теренот.

Абас предупреди и на опасноста од повторување на Накба од 1948 година, посочувајќи на убиства, уништување, глад и обиди за присилно раселување во Појасот Газа. Според него, секој преоден период мора да заврши со повторно обединување на Газа и Западниот Брег во една палестинска држава со една легитимна вооружена сила.

Палестинскиот претседател го обвини Израел и дека задржува повеќе од шест милијарди долари палестински средства и побара тие веднаш да бидат ослободени. Тој ги повика и САД да ги укинат мерките поради кои тој и дел од палестинската делегација не можат лично да учествуваат на состаноците на ОН.

Текстот Абас до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top