(Видео) Десетици делегати ја напуштија салата додека Нетанјаху говореше во ОН

(Видео) Десетици делегати ја напуштија салата додека Нетанјаху говореше во ОН

пред 3 часа

Десетици делегати денеска ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го започнуваше својот говор, во знак на протест против израелската политика. На напуштањето на салата претходно повикала палестинската делегација.

Додека дел од претставниците излегуваа, од салата се слушаа негодувања и свирежи. Претседавачот повика на ред. Нетанјаху им порача на оние што заминаа: „Ако во салата има уште морални кукавици кои не излегле, ве молам направете го тоа сега“.

Во говорот, Нетанјаху рече дека Израел, покрај војувањето на повеќе фронтови, води и „борба за вистината“, обвинувајќи странски држави и меѓународни медиуми за ширење, како што рече, невистини за Израел. Тој им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на САД за поддршката.

Говорејќи за нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, Нетанјаху повторно ги образложи причините за израелските воени операции и рече дека Израел продолжува да се бори за својата безбедност.

Тој ги бранеше и израелските напади врз Иран, тврдејќи дека со нив Израел ги заштитил и некои од земјите чии делегати ја напуштиле салата. Нетанјаху рече дека одлуката да се нападнат иранските нуклеарни капацитети била една од најлесните одлуки што ги донел како премиер и тврдеше дека претставници на некои држави приватно му се заблагодариле за тоа.

Текстот (Видео) Десетици делегати ја напуштија салата додека Нетанјаху говореше во ОН е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top