Општина Бутел извести дека e изграден спортско-рекреативен центар во населеното место Радишани горна зона.
„Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2500 метри квадратни и содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште, нови трибини и столчиња, нова метална ограда и лед осветлување.
Истовремено, се изврши реконструкција и проширување на детското игралиште и се постави нова урбана опрема. Општина Бутел се менува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани“, се наведува во соопштението на Општината.
Текстот (Видео) Нов спортско-рекреативен центар во Радишани горна зона е превземен од МАКФАКС.




