Во општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „Ilinden life run“

Во општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „Ilinden life run“

пред 2 часа

Во недела (27.09.2026), во Општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „Ilinden life run“, спортски настан посветен на промоција на спортот, рекреацијата и здравите животни навики.

Стартот и финишот на трките ќе бидат пред Домот на културата „Илинден“, а учесниците ќе трчаат по обезбедена и означена патека низ населените места Илинден, Марино и Кадино.

Програмата започнува во 08:00 часот со трката на 5 километри, во 09:00 часот се стартовите на 10 километри и штафетата 2×5 километри, додека во 10:00 часот се предвидени детските трки на 100, 200, 400 и 600 метри, а за најуспешните учесници и екипи се предвидени пехари и медали.

Поради одржувањето на трката ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, оттука, Општина Илинден ги повикува граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на службените лица.

Текстот Во општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „Ilinden life run“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top