(Видео) Џорџ Расел ја растури конкуренцијата во борбата за пол-позицијата, Антонели си ги уништи квалификациите

(Видео) Џорџ Расел ја растури конкуренцијата во борбата за пол-позицијата, Антонели си ги уништи квалификациите

пред 2 часа

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, буквално ја декласира конкуренцијата и ја освои пол-позицијата, пред утрешната трка за Големата награда на Азербејџан. Лидерот во вкупниот пласман, колегата на Расел, Андреа Кими Антонели, ќе започне од 16-то место, тој во првиот дел ги заврши квалификациите, откако удри во ѕидот во првата кривина и го оштети болидот.

Џорџ Расел, со освојувањето на пол-позицијата, го круниса се она што го правеше на слободните тренинзи. Ги декласира конкурентите, беше побрз од Шарл Леклер и Оскар Пјастри за речиси една секунда.

Најбрзиот круг на Британецот изнесуваше 1:42.526 минути.

До Расел од првиот стартен ред ќе стартува Леклер, кој задоцни за 837 илјадото делови од секундата, а неверојано беше побрз од Пјастри за еден илјадити дел од секундата.

Одлични квалификации имаше Исак Хаџар, кој пропушти три трки поради повреда. Возачот на Ред Бул ќе стартува од четвртото место.

Трката во првите 10 ќе ја започнат и Ландо Норис, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Макс Ферстапен, Карлос Саинц и Франко Колапинто.

Големата награда на Азербејџан, низ улиците на Баку, утре ќе започне во 13 часот по средно европско време.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top