ВЛЕН: Соработката со албанската дијаспора и САД е инвестиција во иднината

ВЛЕН: Соработката со албанската дијаспора и САД е инвестиција во иднината

пред 5 часа

Албанската дијаспора во САД може да придонесе за посилна соработка со американските институции и за поголема поддршка на Албанците во регионот, порачаа од ВЛЕН по посетата на копретседателот на партијата, Изет Меџити, на Њујорк.

Меџити присуствувал на гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи, каде што, според партиската објава, го истакнал значењето на организирана дијаспора со силен глас во американските институции.

За време на посетата, Меџити се сретнал и со американскиот генерал Весли Кларк. Од ВЛЕН посочуваат дека средбата има посебно значење за Албанците од Скопје, бидејќи Кларк е почесен граѓанин на Општина Чаир.

Партијата оценува дека албанската заедница во САД има значаен потенцијал во бизнисот, дипломатијата, академската заедница и јавниот живот. Според ВЛЕН, тој потенцијал треба да се искористи за градење посилни врски со американските институции и за поддршка на Албанците во Македонија, Косово, Албанија и поширокиот регион.

Од ВЛЕН порачуваат дека партнерството со САД не го гледаат само како дел од историјата на Албанците, туку и како вложување во нивната иднина.

Share
Scroll to Top