Италија во Бурса ја декласира Турција

Италија во Бурса ја декласира Турција

пред 2 часа

Фудбалската репрезентација на Италија, во Бурса ја ја победија Турција со 4:1 (3:0) во натпреварот од 2. коло од А дивизијата на Лигата на нации.

Веројатно дури ни најстраствените навивачи на италијанската репрезентација, кои толку се навикнаа на срамови и дебакли во последните години не очекуваа вакво издание.

Вечерва, „аѕурите“ изгледаа како една од најголемите фудбалски сили доминирајќи над, мора да се каже, катастрофалната турска селекција.

Италија блескаше во првите 45 минути, а поведе веќе во деветтата минута кога домашните многу лошо го бранеа корнерот, а Алесандро Бастони ја дочека топката и ја закова под пречката.

Се играше во 22-та минута кога Давиде Фратеси беше на вистинското место за да круниса одличната тимска акција, а во 27-та минута дебитантот, десниот бек, Мајкл Кајоде го зголеми резултатот на 0:3.

Во првиот напад од второто полувреме, Турците успеаја да тргнат нула од семафорот преку Барис Јилмаз.

Сепак, веќе во 50-та минута, Италијанците го замолкнаа стадионот и вратија +3 на своја страна. Сандро Тонали ја погоди стативата од далечина, а топката отскокна директно до главата на Пио Еспозито, кој погоди за 4:1.

Се покажа дека ова беше и конечниот исход од средбата, по која Италија има три бода, а Турција остана на нула по првите две кола.
Во третото коло, Турција гостува во Белгија, а Италија во Франција.

Share
Scroll to Top