Димитриеска-Кочоска со шведскиот амбасадор: Фокус на инвестициите и реформите за евроинтеграција

Димитриеска-Кочоска со шведскиот амбасадор: Фокус на инвестициите и реформите за евроинтеграција

пред 2 часа

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, на која разговарале за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Според министерката, посебно внимание било посветено на продлабочувањето на економските односи, привлекувањето инвестиции и поддршката за реформите поврзани со евроинтегративниот процес.

Димитриеска-Кочоска оцени дека Шведска е важен партнер за Македонија и дека нејзиното искуство може да придонесе за зајакнување на институциите и за економскиот развој на земјата.

„За нашата земја, Шведска е важен партнер и пријател, а нејзината поддршка и искуство се од особено значење за јакнењето на институциите и унапредувањето на економскиот развој“, посочи министерката.

Таа нагласи дека Министерството за финансии и Владата се подготвени за понатамошна размена на знаења и искуства со Шведска, како и за отворање нови можности за поврзување на економиите.

Според Димитриеска-Кочоска, заедничката посветеност може дополнително да ја зајакне соработката и да донесе нови можности за македонските компании и граѓаните.

Share
Scroll to Top