Ен Хатавеј „исчезна“ по пет филма во една година: Со облак чад најави пауза од јавноста

Ен Хатавеј „исчезна“ по пет филма во една година: Со облак чад најави пауза од јавноста

пред 3 часа

Ен Хатавеј на шеговит начин го означи крајот на промоцијата на своите пет филма објавени оваа година. Во видео што го сподели на Инстаграм, актерката зборува за трилерот „Verity“, а токму кога треба да каже што ќе прави по неговото прикажување, исчезнува во облак од вештачки чад.

По нејзиното „исчезнување“, во кадарот влегува збунет член на тимот, а видеото продолжува со измислени новинарски наслови дека Хатавеј испарила. На крајот актерката им се заблагодарува на обожавателите за поддршката и за, како што вели, незаборавната година. Објавата ја заврши со порака во стилот „Тоа беше сè од мене“.

Шегата се надоврзува на нејзина неодамнешна изјава дека, по завршувањето на промотивните обврски за „Verity“, ќе исчезне во облак чад и ќе одмори од јавните настапи.

За Хатавеј ова беше исклучително активна година. Покрај „Verity“, во 2026 година излегоа и филмовите „Mother Mary“, „The Devil Wears Prada 2“, „The Odyssey“ и „The End of Oak Street“, во кои има улоги.

Четириесет и тригодишната актерка го очекува своето трето дете со сопругот Адам Шулман. Тие веќе ги имаат синовите Џонатан и Џек. Хатавеј најави дека ќе земе пауза, а според нејзините изјави, во март следната година треба да му се придружи на Том Круз на снимањето на продолжението на „Days of Thunder“.

Share
Scroll to Top