Тајната порака за Наполеоновиот генерал во Далмација прочитана по 217 години со помош на вештачка интелегенција

Тајната порака за Наполеоновиот генерал во Далмација прочитана по 217 години со помош на вештачка интелегенција

пред 2 часа

Шифрирано воено писмо испратено во 1809 година до францускиот генерал Огист де Мармон, кој командувал со трупите во Далмација, е дешифрирано со помош на вештачка интелигенција по повеќе од два века.

Писмото не го напишал лично Наполеон Бонапарта. Тоа потекнува од штабот на неговиот посинок, вицекралот на Италија Ежен де Боарне, кому Наполеон му наредил да го извести Мармон за распоредот на француските и сојузничките сили. Пораката требало да биде шифрирана и да ја пренесе доверлив офицер.

Картер Черч, инженер во компанијата за кибербезбедност SentinelOne, објави дека за дешифрирањето го користел моделот GPT-6 Astra. Според него, моделот работел околу шест часа, почнувајќи само од скенирана слика на документот. Најнапред ги препознал рачно испишаните знаци, а потоа ја анализирал шифрата и го споредил добиениот текст со историските записи.

Прочитаната порака содржи податоци за положбите на баварските, полските и француските сили во пресрет на војната со Австрија. Во неа Мармон се уверува дека Австрија ќе биде нападната од повеќе страни и се повикува да не дозволи мал број непријателски војници да го заплашат кога ќе добие наредба за марш.

Врз основа на содржината, Черч го датира писмото на крајот од март 1809 година. Тој ги објавил транскрипцијата, реконструираниот шифрарник и програмските алатки со кои други истражувачи можат да го проверат резултатот. Истражувачот Сатоши Томокијо ја разгледал анализата и на својата платформа Cryptiana го означил писмото како решено.

Share
Scroll to Top