По повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителот, Општина Кисела Вода ги награди најуспешните наставници од основните училишта на својата територија. Градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска врачи признанија на 18 истакнати просветни работници, како потврда за нивниот исклучителен труд, стручност и посветеност во образовниот процес и едукацијата на најмладите.
Изборот се одвиваше транспарентно преку јавен оглас, од страна на стручна комисија, врз основа на постигнатите успеси на нивните ученици на државни натпревари и сертификатите за сопствено континуирано стручно усовршување.

„Сакав овој значаен ден, Светскиот ден на учителот, да го одбележиме токму вака, спонтано и неформално, бидејќи вашата работа секојдневно бара многу енергија и заслужувате вистински момент за опуштање. Ми претставува огромна чест што денеска седам со вас, луѓето кои се темелот на нашата иднина. Вие со вашата работа докажувате дека образованието не е само професија, туку благородна мисија која се работи со многу љубов и трпение. Вашите успеси се директен доказ за посветеноста кон нашите деца. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува вистинскиот квалитет и останува ваш силен партнер во обезбедувањето подобри услови за работа. Ви го честитам празникот и од срце ви благодарам за сè што правите за новите генерации“, истакна Стаменкоска – Трајкоска.

Добитници на признанието „Најдобар наставник за 2026 година“ од основните училишта во Општина Кисела Вода се:
ООУ „Круме Кепески“: Гордана Арсовска
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“: Елизабета Митревска, Мимоза Митиќ, Маја Михаиловска, Велика Миленковска
ООУ „Кузман Шапкарев“: Сашка Стефановска Морски, Марија Велковска, Благоја Кечовски
ООУ „Кузман Јосифовски Питу“: Гордана Ристеска Лукрис
ООУ „Невена Георгиева Дуња“: Маја Трајковиќ, Тања Калинска, Тони Патровски
ООУ „Рајко Жинзифов“: Магдалена Бадарова, Маја Грнчиштанова
ООУ „Св. Климент Охридски“: Виолета Трпевска, Наташа Старделова, Јасмина Лакинска, Валентина Кикеркова
Текстот Наградени 18 наставници од Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на учителот е превземен од МАКФАКС.



