Африм Гаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието

Африм Гаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието

пред 6 часа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Република Северна Македонија.

За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани  на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како  неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието.

Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата.

Share
Scroll to Top