Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва

Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва

пред 3 часа

Првачињата од основните училишта во Општина Центар денеска свечено беа примени во Светската детска организација. Најмладите ученици ја дадоа свечената заклетва и ветија дека ќе бидат вредни и одговорни ученици, дека ќе ги почитуваат своите наставници и родители, но пред сè, дека ќе бидат добри другари.

На свеченоста во ООУ „Киро Глигоров“ присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој им честиташе на првачињата и им посака среќни, радосни и безгрижни училишни денови.

„Драги првачиња, ви посакувам секојдневно да стекнувате нови знаења, да создавате искрени пријателства и со радост да ги паметите овие денови. Наша задача е да создадеме услови за квалитетен образовен процес. Тоа и го правиме! Вложуваме во реконструкција и модернизирање на училиштата, инвестираме во вашиот талент и труд и обезбедуваме еднакви можности и инклузија за секое дете. Тоа е наша обврска, а ваша е секој ден да чекорите напред, со желба за нови знаења и силна верба во себе“, порача Герасимовски.

Во рамки на свеченоста, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ приредија хорска изведба, која придонесе за уште посвечена и повесела атмосфера.

На присутните им се обрати и директорката на ООУ „Киро Глигоров“, Инека Мостерман, која на првачињата им посака успешен почеток, многу знаење, нови другарства и убави моменти во текот на нивното школување.

Свечени заклетви и прием на првачињата во Светската детска организација се одржаа и во останатите основни училишта на територијата на Општина Центар.

Текстот Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top