Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации.
На Светското првенство, Турците, беа „видени“ како можно изненадување на првенството, но не успеаја да ја минат групата. Уште тогаш на многумина не е им беше јасно како Монтела ја задржа функцијата.
Но, италијанскиот тренер не успеа да преживее по ужасните резултат во Лигата на нации.
Турција ги загуби сите четири натпревари, особено болни за Турците се поразите од Италија. Дома загубија со 4:1, додека во Болоња беше 3:1 за Азурите.
Ибрахим Хаџиосманолге, претседателот на турската федерација, одлучи да го отпушти италијанскиот стратег поради ова.
Монтела ја презеде турската репрезентација во септември 2023 година. Пред тоа, тој работеше во таа земја како тренер на Аданаспор.
Foto/ Depositphotos






