Зеленски: Потребен е притисок врз Русија, нападите продолжуваат

Зеленски: Потребен е притисок врз Русија, нападите продолжуваат

пред 3 часа

Володимир Зеленски објави дека Украина е подготвена да го спроведе енергетското примирје предложено од Доналд Трамп, но истакна дека Русија во моментов не покажува знаци оти има намера да го стори истото. Тој изјави дека успехот на деескалацијата во голема мера ќе зависи од ставот на САД и го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз Москва.

Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако доби извештај од својот преговарачки тим во врска со средбите одржани во САД. Тој напомена дека Киев е во секојдневна комуникација со тимот на Трамп и е подготвен да донесе конкретни одлуки и да преземе чекори што би го приближиле крајот на војната.

„Украина е подготвена да гарантира енергетско примирје“
„Украина е подготвена за реални одлуки и чекори кон деескалација за да се приближи крајот на оваа војна. Украина го поддржа енергетското примирје“, напиша Зеленски. „Нашиот став е апсолутно јасен: Украина е подготвена да го гарантира енергетското примирје како што најави американскиот претседател, а Русија мора да преземе соодветни чекори“, додаде тој.

Зеленски потоа ја опиша ситуацијата на терен, тврдејќи дека нема индикации оти Москва ги почитува условите наведени од Трамп. Тој истакна дека Русија вчера ја нападнала украинската енергетска инфраструктура и дека таквите напади продолжуваат и денес.

„Цел ден низ Украина се слушаат предупредувања за воздушни напади; се користат руски дронови ’Шахед‘ и продолжуваат нападите со воздушни бомби“, напиша тој.

„Русите пропуштија уште една можност“
„Ако овие напади навистина се одговорот на Русија на изјавата на американскиот претседател, тоа значи дека Русите пропуштиле уште една можност да го приближат мирот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека во иднина многу работи ќе зависат од Вашингтон. „Многу зависи од ставот на Америка за деескалацијата навистина да успее. Потребен е притисок врз Русија“, напиша тој.

На крајот, Зеленски изјави дека Украина продолжува да комуницира со американската страна на сите нивоа. Тој додаде дека се дефинирани следните чекори и дипломатската рамка за продолжување на разговорите.

Текстот Зеленски: Потребен е притисок врз Русија, нападите продолжуваат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top