(Видео) Британскиот премиер: Иранската револуционерна гарда планирала напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“

(Видео) Британскиот премиер: Иранската револуционерна гарда планирала напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“

пред 2 часа

Планираниот напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“ во Британија, најверојатно бил координиран од Иран, а зад него речиси сигурно стои Иранската револуционерна гарда, изјави британскиот премиер Енди Бeрнам. Случајот е поврзан со настаните од 27 септември, кога полицијата уапси петмина Британци на возраст од дваесетина години во близина на базата, под сомнение за тероризам и кривични дела поврзани со експлозиви, пренесува Ројтерс.

Оттогаш, осомничените се пуштени на слобода под строги услови, иако сè уште не се поднесени обвиненија. Полицијата во тоа време потврди дека истражува можна вмешаност на странска држава.

Повлекувањето на САД и детали за заканата
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека закана поврзана со Иран го поттикнала повлекувањето на американските бомбардери Б-1 од воздухопловната база. Американските власти потврдија дека постоело сомнение за план за напад со иранско беспилотно летало.

Бeрнам: Ќе ги искористиме сите наши овластувања
Британскиот премиер најави силен одговор во Парламентот. „Нема да толерираме такви закани на наша територија. Ќе преземеме остри мерки против активностите на иранските криминални мрежи. Ќе ги искористиме сите наши овластувања за да ги запреме нив и нивните извори на финансирање, и ќе воведеме дополнителни санкции за да ја ограничиме способноста на Иран и на Иранската револуционерна гарда да ни нанесат штета“, изјави тој.

Текстот (Видео) Британскиот премиер: Иранската револуционерна гарда планирала напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top