(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

пред 5 часа

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите.

Феенорд на домашен терен го победи Комо со 3:2. Феенорд славеше победа по пресврт, откако Комо на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам, поведе во 18-та минута со голот на Асане Диао, на кого му асистираше Јакобо Рамон.

Водството на гостите траеше само две минути. Гиваи Зекиел постигна гол во 20-та минута со одличен удар од работ на шеснаесетникот по додавање од Лучано Валенте.

Феенорд стигна до пресврт 52-та минута, кога Анис Хаџ Муса, по асистенција од Гаусу Диара, го погоди блискиот агол од голот на Комо.

Феенорд го постигна третиот гол во 81-та минута. Топката заврши во мрежата откако топката се одби од сттаивата, а потоа и од грбот на голманот Роберто Санчез.

Дувикас го намали резултатот на 3:2 во 93-та минута.

Ливерпул во натпревар со дури девет гола, го декласира ЛАСК во Линц со 6:3. Херој на англискиот тим беше Бредли Баркола, кој постигна хет-трик.

Ливерпул поведе во 22-та минута, кога Роналд Араухо со глава погоди по центаршутот на Костас Цимикас од корнер. Само две минути подоцна, Баркола го зголеми резултатот на 2:0 по асистенција од Луис Кумас.

Баркола го постигна својот втор гол во 37-та минута, овој пат по додавање од Флоријан Вирц, па Ливерпул отиде на полувреме со водство од 3:0.
На почетокот на второто полувреме, во 51-та минута, Џереми Фримпонг го зголеми водството на гостите на 4:0.

Во 62-та минута, тренерот на ЛАСК Дитмар Кихбауер го внесе во игра Роберт Љубичиќ наместо Мелејр Богард, а хрватскиот играч од средниот ред погоди по само 27 секунди минати на теренот.

Ливерпул веднаш одговори. Во 66-та минута, Баркола, на асистенција на Фримпонг, постигна гол за 5:1 и го комплетираше првиот хет-трик во својата кариера.

Шестиот гол на англискиот тим го постигна младиот Луис Кумас во 72-та минута, исто така по додавањето на Фримпонг.

ЛАСК успеа да го ублажи поразот на крајот. Флоријан Флекер постигна два гола, во 74-та и 77-та минута, двата по асистенции од Дибанг, со што резултатот беше 3:6.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top