Меџити: Мастер-планот за Чаир се реализира – увид во улиците и проширувањето на „Цветан Димов“

Меџити: Мастер-планот за Чаир се реализира – увид во улиците и проширувањето на „Цветан Димов“

пред 9 часа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината.

При посетата беа разгледани зафатите на улиците „Ферид Мурати“ и „Митхат Фрашери“, како и проширувањето на булеварот „Цветан Димов“.

Посебно внимание беше посветено на инфраструктурните интервенции, подобрувањето на сообраќајот и модернизацијата на јавните простори. Целта, според најавите, е да се создаде пофункционална урбана средина, приспособена на потребите на граѓаните.

Мастер-планот за Чаир е изработен со придонес на тим експерти од Турција и домашни професионалци, под раководство на Бајрам Вардар. Тој треба да ја утврди долгорочната насока за развој на општината, поврзувајќи ја модернизацијата на инфраструктурата со зачувувањето на историскиот и културниот идентитет на Чаир.

Меџити ја претстави теренската посета како дел од следењето на спроведувањето на планот и реализацијата на предвидените проекти.

Share
Scroll to Top