Клупата на Реал Мадрид е една од „најжешките“ во светот на фудбалот, во последните години. Откако Карло Анчелоти замина, тренерите постојано се менуваат. Флорентино Перез се надеваше дека доаѓањето на Жозе Мурињо ова лето ќе предизвика промени, но тоа сè уште не се случило, пишува „Sport.es“.
Мурињо потпиша тригодишен договор кој важи до 2029 година. Сепак, примерите на Чаби Алонсо, Алваро Арбелоа и па и на Анчелоти покажуваат дека договорите во Мадрид ја губат својата важност ако нема трофеи. Поради постојаниот притисок и императивот за победа, веќе се зборува за можна замена, ако Португалецот не ги исполни целите.
Новинарот Серхио Валентин, кој прв ја објави веста за враќањето на Мурињо, тврди дека Флорентино Перез веќе им го открил името на можен наследник на своите најблиски соработници.
Во случај резултатите да не се подобрат, на пример по следното Ел Класико, Дидие Дешан наводно би влегол во игра.
Францускиот стручњак беше кандидат и на последните избори, но Перез потоа се одлучи за Мурињо и ѝ плати отштета на Бенфика.
Дешан моментално е без ангажман, откако го освои четвртото место со француската репрезентација на Светското првенство во Северна Америка. На клупата го наследи Зинедин Зидан, кој исто така често се споменуваше како опција за Реал, но по два мандати во Мадрид реши да ја преземе Франција.
Интересот на Реал за Дешан не е нов. Уште во април, „Лекип“ напиша дека тој е еден од главните кандидати, меѓу другото, поради неговиот добар однос со Килијан Мбапе. Францускиот тренер подоцна потврди дека неговото име било разгледувано.
„Откако го напуштив Јувентус во 2007 година, бев практично на секој список“, рече тој.
Дешан нема намера да се пензионира, а по Светското првенство изјави дека сака да ја продолжи кариерата и дека ќе ги разгледа понудите од клубовите и репрезентациите, не исклучувајќи го доаѓањето во Шпанија.
Foto/ Depositphotos






