(Видео) Руски дрон удри директно во облакодер во Киев

(Видео) Руски дрон удри директно во облакодер во Киев

пред 1 час

Нов напад со руски дронови врз Киев резултираше со едно загинато и едно повредено лице, откако дрон удрил во 24-катна станбена зграда во областа Свјатошински, потврдија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, и градската воена управа.

На социјалните мрежи набрзо почна да се шири вознемирувачка снимка од ударот, на која се гледа моментот кога руски дрон со голема брзина удира во зградата, на ниво на 19-тиот кат, по што следува експлозија и пожар.

На местото на настанот веднаш биле испратени противпожарни и медицински екипи, кои ја потврдиле смртта на станарот, додека друго повредено лице е згрижено.

Нападот со дронови врз главниот град на Украина се одвиваше во бранови, од синоќа па сè до утринава. Покрај директниот удар во станбениот облакодер, уништувања се забележани и на други локации во градот.

Во областа Десњански, остатоци од дронот предизвикаа пожар на паркирани автомобили, додека во областа Соломјански беше погоден објект од сообраќајната инфраструктура, при што исто така избувна пожар. Во истата област, забележан е и пад на дрон на отворен простор, каде за среќа немало материјална штета ниту повредени лица.

 

фото/depostipotos/илустрација

Текстот (Видео) Руски дрон удри директно во облакодер во Киев е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top