Играчот од средниот ред на Баерн и германската репрезентација, Џошуа Кимих, нема да игра на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал, поради смртен случај во семејството.
Клубот ја потврди веста на социјалните мрежи откако Кимих (31) го пропушти последниот тренинг во вторникот од лични причини.
Подоцна беше објавено дека 57-годишниот татко на Кимих починал. По тој повод, баварскиот клуб издаде официјално соопштение.
„Џошуа Кимих не е во составот за натпреварот против Арсенал денес поради смртен случај во најтесниот семеен круг. Во име на семејството, бараме да се почитува нивната приватност и тага и јавноста да се воздржи од понатамошно известување. Целиот ФК Баерн изразува најдлабоко сочувство и стои зад Џошуа Кимих“, се вели во соопштението на клубот.
Сè уште не е познато кога се очекува капитенот на германската репрезентација да се врати во тимот. Пред натпреварот, неизвесен е и настапот на тренерот Винсент Компани, кој го пропушти вчерашниот тренинг поради вирус.
Натпреварот меѓу Баерн и Арсенал е закажан за вечерва во 21:00 часот на „Алијанц Арена“.
Foto/ Depositphotos






