Тригодишно девојче е спасено во кинескиот град Џангпинг откако висела од прозорец на 12-ти кат од зграда, каде што главата ѝ се заглавила меѓу металните решетки. Инцидентот се случил пред четири дена, наутро на 17 октомври, а детето останало да виси од надворешната страна на балконот. Снимката стана вирална на социјалните мрежи.
Сосед го забележал детето, веднаш испратил фотографии до заедничка група жители и побарал помош. Снимката го покажува девојчето како се држи за оградата со рацете. Обезбедувањето и персоналот на зградата реагирале брзо и влегле во станот на 11-ти кат, веднаш под станот каде што било девојчето.
太惊险了爸爸去上班,妈妈早起去买菜,一岁多的孩子被挂16楼阳台。
后续被众人合力救下
pic.twitter.com/2cMDzwVuIc
— 小牛 (@Xiaoniu6161) October 17, 2026
Двајца мажи се наведнале низ прозорецот и ставиле стол под детето. Ова ѝ помогнало да се потпре, да се ослободи од тежината и да се заштити додека не пристигнале пожарникарите.
Жителите им кажале на локалните медиуми дека девојчето било само дома во времето на несреќата. Нејзиниот татко бил на работа, а нејзината мајка отишла во продавницата додека детето спиело.
Се верува дека девојчето се лизнало низ решетките, по што главата ѝ се заглавила.
По пристигнувањето на пожарникарите, девојчето било спуштено на безбедно место и однесено во болница на преглед.
Текстот (Видео) Девојче во Кина се заглавило со главата во решетки: висела од 12 кат е превземен од МАКФАКС.





