Директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски на конференција на полициски шефови во САД

Директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски на конференција на полициски шефови во САД

пред 5 часа

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида, заедно со директорите на Царинската управа и Бирото за јавна безбедност.

Ивановски учествува на конференцијата на официјална покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на Кривичниот оддел на Министерството за правда на САД.

На свеченото отворање биле истакнати значењето на меѓународната соработка, размената на информации и зајакнувањето на капацитетите на безбедносните институции во борбата против организираниот криминал.

Од Управата за финансиска полиција посочуваат дека учеството на конференцијата е особено важно поради презентацијата на нови технологии и иновативни алатки за откривање и сузбивање на финансискиот и други форми на криминал.

Како што наведуваат од институцијата, современите технолошки решенија и практики би можеле да придонесат за поефикасна работа во предистражната постапка, во која Управата има значајна улога.

Учеството на конференцијата, според Управата, претставува можност за запознавање со меѓународните практики и унапредување на соработката со безбедносните институции од други земји, особено во делот на координираните истраги и навремената размена на информации во случаи поврзани со организираниот криминал и корупцијата.

Од Управата нагласуваат дека примената на современи методи и доследното спроведување на законите се важни за заштитата на безбедноста и националните интереси на државата.

Текстот Директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски на конференција на полициски шефови во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top