🔴Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ.
Неколку часа пред затворањето на избирачките места на предвремените парламентарни избори во Србија, во Пионирскиот парк во центарот на Белград повторно почна поставувањето шатори. Паркот, кој за време на студентските протести стана познат како „Ќациленд“, и натаму е ограден со метални огради.
U Pionirskom parku ponovo se postavljaju šatori i propratne instalacije, a park je i dalje ograđen ogradama. Policija prisutna. https://t.co/XQGKZjH8Tj
— Mašina (@MasinaRS) October 25, 2026
Според порталот „Машина“, на терен се забележани камиони кои носат опрема, а во паркот се присутни и полициски службеници, пренесува „Индекс“.
„Ќациленд“ стана познат како место каде што беа поставени шатори на група која се противеше на студентските блокади и протести. Кампот прерасна во едно од препознатливите места на политичките тензии во Белград.
Засега нема официјални информации зошто шаторите повторно се поставуваат, ниту колку долго ќе останат во паркот.
Текстот (Видео) Повторно се поставуваат шатори во „Ќациленд“ во Белград, пристигнуваат камиони со опрема е превземен од МАКФАКС.





