Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност

Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност

пред 4 часа

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува „историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава“.

Овој демократски пресврт е директна шлаканица за сите автократски системи кои функционираат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на буџетските ресурси за партиски цели, целосна партизација на институциите и манипулација со изборниот процес. Србија денеска покажа дека нејзиниот демократски капацитет е длабоко всаден во сржта на народот и дека секоја изборна инженеринг-машинерија паѓа пред гневот и волјата на граѓаните, соопшти ЛДП.

„Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите, надвор од вклучувањето на буџетот во служба на една партија и надвор од воспоставените автократски матрици! Србија покажа дека единствено народот е суверен. За ЛДП, казнивост за корупцијата мора да има, правда мора да има подеднакво за сите, а за единството и европскиот пат нема алтернатива. Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание.

ЛДП изразува надеж дека со овој демократски чин, „Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат. Оваа победа е јасен сигнал и предупредување за сите регионални политичари кои мислат дека со контрола, монопол и трошење на народни пари можат вечно да го држат сопствениот народ во заложништво“.

Времето на автократите и партиските монополи завршува. Демократијата, праведноста и европската иднина на Балканот немаат алтернатива!, додаваат од ЛДП

Текстот Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top