Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Џејлен Вилијамс, доживеа сериозна повреда на левата потколеница во финишот на натпреварот против Лос Анџелес Клиперс, по што беше изнесен од теренот на носилка.
Инцидентот се случи на 74 секунди пред крајот на натпреварот, кога Вилијамс го нападна обрачот. Медицинскиот персонал веднаш му притрчал на помош.
Повредениот зглоб бил покриен со крпи додека играчите од двата тима гледаа со неверица што се случувало.
OH NO
Jalen Williams suffers a serious lower-leg injury after an awkward landing.
— ClutchPoints (@ClutchPoints) October 26, 2026
И покрај шокантните сцени, Оклахома Сити успеал да го заврши натпреварот и да слави против Клиперс со резултат од 108:101.
По натпреварот, МВП-то на Тандер, Шеј Гилџес-Александер, се мачеше да ги најде вистинските зборови за повредата на својот соиграч.
„Многу ми е жал за него. Ништо повеќе од тоа“, рече Гилгес-Александар во телевизиско интервју, едвај држејќи ги солзите.
Shai can’t even do his interview without crying
pic.twitter.com/HkDHZcbBxY
— wave (@404xwavey) October 26, 2026
Засега нема официјална дијагноза за повредата, но сериозноста на ситуацијата беше очигледна во првите моменти по падот, со оглед на тоа што речиси веднаш беше побарана носилка.







