Ешли Јанг: Конте је луд, ќе биде катастрофа ако тој го преземе Манчестер Јунајтед

Ешли Јанг: Конте је луд, ќе биде катастрофа ако тој го преземе Манчестер Јунајтед

пред 3 часа

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, не е воодушевен од можноста Антонио Конте да ja преземе менаџерската позиција на клубот од „Олд Трафорд“.

Медиумите шпекулираат кој ќе го наследи Мајкл Карик на клупата на Јунајтед, бидејќи неговото отпуштање виси во воздух секој ден по ужасните резултати од почетокот на сезоната.

Во потесниот круг се наоѓа Антонио Конте, а Ешли Јанг е убеден дека неговиот темперамент е голем проблем за сите.

„Да се разбереме, тој е луд, навистина луд. Се зборува многу за статистиката, за претрчаните километри на Манчестер Јунајтед. Ако играчите не се подготвени да трчаат и Антонио Конте ги преземе, мислам дека тоа би било катастрофа“, рече Јанг во подкастот „Overlapdaily“.

Потоа продолжи:

„Мислам дека тоа е една од причините зошто тој никаде не останува долго. Тој не се обидува ментално да ги тестира не само играчите, туку и менаџментот и сопствениците. Верувам дека на крајот им здодева и мислат дека е време тој да си замине.“

Останува да се види дали неговите зборови ќе бидат земени предвид од страна на менаџментот на Манчестер Јунајтед.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top