На 55 години ја доби титулата „најсекси маж“: Ноа Вајли прво помислил дека е шега

На 55 години ја доби титулата „најсекси маж“: Ноа Вајли прво помислил дека е шега

пред 4 часа

Актерот Ноа Вајли, познат по медицинските серии „ER“ и „The Pitt“, е прогласен за „најсекси маж за 2026 година“ според списанието „People“. Веста беше објавена на 27 октомври, а неговата прва реакција била неверување.

Педесет и петгодишниот актер признал дека воопшто не очекувал да ја добие титулата.

„Мислев дека звучи како шега“, изјави тој.

Изборот доаѓа во период на обновен успех со „The Pitt“, серија што самиот ја опишува како втор голем пресврт во кариерата.

Сопругата го убедила да прифати

Вајли откри дека сопругата Сара имала клучна улога во одлуката да ја прифати титулата. Според неговите зборови, таа сметала дека вреди да се истакнат и неговите квалитети како сопруг и татко.

Нивните деца ја дочекале веста со хумор. Актерот се пошегувал дека постарата ќерка веројатно ќе го задева поради ова уште многу години.

Ноа и Сара се венчале во 2014 година и имаат ќерка, а актерот има уште две деца од претходниот брак.

Неговата насловна страница беше претставена и во подкастот „Good Hang“ на Ејми Полер. Разговорот поминал со шеги за новата титула и потсетување на годините кога Вајли ја освои публиката како доктор Џон Картер во „ER“.

Share
Scroll to Top