(Видео) Атлетико победи кај Леванте и се искачи на челната позиција во Ла Лига

(Видео) Атлетико победи кај Леванте и се искачи на челната позиција во Ла Лига

пред 8 часа

Атлетико Мадрид на Градскиот стадион во Валенсија го победи Леванте со 2:0 во 11-то коло од Ла Лига. Ова беше 344-та победа на тренерот Диего Симеоне, во 565-от натпревар во Ла Лига, со што на првото место на вечната листа се изедначи со клупската легенда, Луис Арагонес.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по деветтата победа во првенството се искачија на првот место на табелата во Ла Лига. Тука сигурно ќе минат неколку часа, бидејќи Барселона вечерва ќе игра против Алавес.

„Јорганџијите“ имаат 28 бода по 11 одиграни натпревари, што е бод повеќе од Барселона, која има натпревар помалку.,

До оваа, шеттата победа во шестиот натпревар на гостински терен, Атлетико дојде рутински. Домаќинот имаше што да каже само во првите 14 минути, потоа гостите ја презедеоа контролата на теренот. Постигнаа два гола, уште два им беа пониѓтени поради офсајд, а Ли ја погоди гредата.

Грималдо му донесе водство на Атлетико Мадрид во 36-та минута, а точка на мечот стави Џулијано Симеоне во 62-та минута.

Во наредната рунда, Атлетико во дербито ќе ја пречека Барселона.

Share
Scroll to Top