(Видео) Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел

(Видео) Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел

пред 3 часа

Полицаец во Франција се здобил со тешки изгореници откако демонстрант кон него фрлил молотов коктел, при што му се запалила ногата.

Француската Национална жандармерија оцени дека на протестите се користи „неприфатливо насилство“ против припадниците на органите за спроведување на законот.

На социјалната мрежа Икс, полицијата објавила фотографија и видео на кои се гледа моментот кога на полицаецот му се запалува ногата. Тој се здобил со тешки изгореници во нападот.

Џордано Бардела, претседател на крајно десничарската партија Национален собир, го опиша запаливиот уред како оружје „наменето да убива“, барајќи сторителите да бидат осудени на долги години затвор. Во Франција со денови има протести поради високите трошоци за живот и лошата состојба во образованието.

Протести синоќа имаше и во Португалија и Германија.

Текстот (Видео) Полицаец во Франција се здоби со тешки изгореници откако демонстрант му фрли молотов коктел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top