Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии

Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии

пред 3 часа

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во Кочани, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Густ црн чад се издигаше високо над градот и беше видлив и од околните населени места.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани десетина противпожарни возила од територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Во интервенцијата учествувале околу 30 пожарникари.

Според првичните информации, во пожарот изгореле автобуси, гаражи и канцелариски простории, при што е предизвикана голема материјална штета.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица.

Текстот Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top