(Видео) Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните

(Видео) Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните

пред 5 часа

Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни, вели Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ

Герасимовски додава таа, треба да одговори дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните.

„Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи?

Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања.

И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање“.

Според неа, Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар, како што вели, не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот.

„Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит“.

Текстот (Видео) Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top